ГРК Охрид во сабота гостува кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 во рамки на четвртото коло од ракометната Супер лига.
Во сабота играме против Еурофарм Пелистер 2, нашиот противник не смее да се потцени, бидејќи ќе се бори до последна минута. Ние влегуваме максимално концентрирани и мотивирани, со добра игра одиме на победа, изјави ракометарот на ГРК Охрид Давид Савревски.
Натпреварот се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18 часот.
OhridNews