На светското фудбалско првенство што се игра во САД, ноќеска се одиграа две средби. Особено интересно беше на мечот помеѓу Бока Јуниорс и Бенфика каде паднаа 4 гола и 3 црвени картони.

Во дербито од групата Ц Бока Јуниорс и Бенфика одиграа нерешено 2:2  во натпревар со дури 3 црвени картони. Мерентиел во ’21 и Батаља во ’27 минута ја доведоа екипата на Бока во водство од 2:0. Херера поцрвене кај Бока во 43 минута, а сигурен од белата точка беше Анхел Ди Марија кој на истекот од првото полувреме намали на 2:1.

Во 70 минута црвен картон доби напаѓачот на Бенфика Белоти, но португалскиот тим во 84 минута израмни на 2:2 со голот на Отаменди. До крајот на мечот покажан беше уште еден црвен картон, на одбрамбениот играч на Бока Фигал.

Резултати СП 17.06.2025
Група Ц
Бока Јуниорс – Бенфика 2:2

Група Д
Фламенго – Есперансе 2:0

Мундијалот продолжува денеска со две средби.

Група Е
Ривер Плата – Урава Ред Дајмондс (21:00ч.)

Група Ф
Флуминенсе – Борусија Дортмунд (18:00ч.)

Г.М.