СДСМ најавува повисок младински стандард и до крајот на идниот мандат невработеност под 17 проценти. Понудата на СДСМ и коалицијата „Можеме“ нуди нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал. Модел што ги штити работните места на граѓаните, генерира повисоки плати и подобри работни места, вели Бојан Михајловски, член на ИО на СДММ Охрид.

По победата на 15 јули носиме нова, развојна македонска економија која обезбедува шанса за сите, а особено за младите. Во изминатите три години реализиравме голем број на мерки и политки со кои ја зголемивме понудата на работни места и го олеснивме патот до прво вработување на младиот човек. Стапката на невработеност кај младите денес изнесува 35,3% што е многу пониска од 2016 кога беше 48,6%. Стапката на младинска неврабтоност до 2024 година идната Влада предводена од СДСМ ќе ја донесе под 17 %. Тоа е речиси двојно пониска младинска невработеност од сега. – рече Михајловски.

Михалјовски најави повеќе мерки кои директни ги тангираат младите во Охрид и земјата.

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување продолжува со рекорден буџет за оваа 2020 година од 1,3 милијарди денари. Директна поддршка на младинското и женското претприемништво, претприемништво преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра. Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето. Парите одат директно на сметките на младите. Продолжува мерката за 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование. – истакна Михајловски.

Членот на ИО на СДММ Охрид рече дека цел на е севкупната невработеност да се намалува за 3% годишно, стабилен раст, повисоки плати и шанса за сите, што не е случај со другата страна, додаде тој.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не знаат економија, знаат само да ги крадат парите на граѓаните и да ги бркаат младите од државата. Додека СДСМ го реализира концептот Парите назад кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е против секоја мерка со која парите одат кај граѓаните. Затоа на 15 јули изборот е меѓу повисоки плати за сите или богатење на неколкумина блиски до Груевски. – рече Михајловски.

OhridNews