СДСМ ја заокружи листата на кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Владејачката партија ќе поддржи вкупно 69 кандидати.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денес соопшти имињата на кандидати во 17 општини.  Димче Шипинкаровски е кандидатот за локална власт во Струга.

 

Шипинкаровски е дипломиран економист, стопанственик познат на локалната заедница. Моментално раководител на подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување во Струга“, истакна Николовски.

Од СДСМ објавија дека нов кандидат има и во Дебрца, а тоа е актуелниот директор на претпријатието за комунални дејности, Игор Крцоски.

Игор е дипломиран правник, социјалдемократ, актуелен директор на ЈП за комунални дејности на Дебрца, но пред се човек кој е симбол за подадена рака и отворена врата за помош и поддршка кон секој свој сограѓанин,  велат од ОО СДСМ Дебрца.

Една третина од предложените кандидати од Социјал демократскиот сојуз се нови имиња. Дел од актуелните градоначалници кои претходниот мандат го добија со поддршката од СДСМ на овие локални избори се појавуваат како независни кандидати.

К.А.