Пратеничката група на СДСМ бара пописот да се одржи од 1- ви до 15- ти април 2012 година период кој, како што тие сметаат, е доволен за државните институции да се подготват и да се надминат сите слабости за негова успешна реализација.
Парламентарното мнозинство побара СДСМ да го повлече предлог-законот затоа што, според нив, со него не се нуди одговор на многу прашања кои се поставени и затоа што треба да се најде заедничко решение за тоа како да се спроведе попис наспроти критериумите кои ги бара Еуростат.