Пратеничката група на СДСМ достави реакција до Советот за радиодифузија за новиот телевизиски спот што е дел од кампањата на Владата на Република Македонија против абортусот и бара негово повлекување.
– Новиот спот во којшто абортусот како медицинска интервенција се изедначува со убиство испраќа порака на осуда и стигматизација кон сите жени и парови кои го искористиле или планираат да го искористат своето природно репродуктивно право. Воедно, овој спот е и брутална навреда и квалификација на лекарите како убијци, се наведува во реакцијата.
Од СДСМ потенцираат дека со Уставот на Република Македонија се гарантира правото на човекот слободно да одлучува за создавање на деца.
– Ние пратениците и пратеничките потпишани на оваа изјава застануваме во одбрана на слободите и човекови права на секоја жена и затоа бараме итно повлекување на овој противуставен спот, стои во реакцијата на пратеничката група на СДСМ.
OhridNews