По повод празникот 11 Октомври од страна на Општина Дебарца во неколку населени места беа поставени државни знамиња, но дел од нив и по завршување на празникот не се симнати од јарболите, реагира ОО СДСМ Дебарца.
-На надлежните во Општината и по седум дена по празникот им е тешко да ги симнат знамињата или можеби сеуште се во празнична еуфорија. Па од тука испраќаме една молба- Со оглед на временските услови би било добро што поскоро овие знамиња да бидат симнати, за да можат и во иднина да се употребуваат, бидејќи на крајот тие се купени со народни пари. Освен ако Градоначалникот има намера со сопствени средства за секој празник да купува нови.-стои во партиската реакција.
OhridNews