Градоначалникот Трајкоски да работи во интерес на граѓаните, а не да врши партиски чистки, реагира ОО СДСМ на соопштението на кабинетото на градоначалникот на општина Дебрца.

„Вам ќе Ви треба многу време и хартија само да ги наброите сите инфраструктурни и други проекти реализирани од претходната општинска власт за подобра Дебарца. Институциите на системот на кои се повикувате на повеќе пати вршеа контрола над работењето на екс градоначалникот и нивните извештаи само го потврдија неговото чесно работење. Извештаите можете да ги погледнете во архивата на општината. Вие и самите сте свесни за тоа, како и за начинот на кој станавте градоначалник на општината. Кога веќе станавте градоначалник, барем направете нешто корисно за нејзините граѓани, а не да правите партиски чистки на луѓе кои чесно си заработуваа за гола егзистенција во основното училиште.“-се вели меѓу другото со реакцијата на ОО СДСМ Дебрца.

OhridNews