Општинската организација на СДСМ од Дебрца преку писмено соопштение испратено до медиумите реагираше на информациите за неисправната вода за пиење во неколку села во оваа општина.
-Информациите дека водата од водоводите во повеќе села во општина Дебрца, а особено од водоводите со кои стопанисува Јавното комунално претпријатие “Дебрца” – Белчишта е неисправна за пиење, покажаа дека раководните структури во Јавното претпријатие воопшто не водат грижа за здравјето на своите граѓани, а до кои секој месец испорачуваат сметки за наплата. Поради тоа, од надлежните бараме во најкраток можен рок да објаснат со каков квалитет е водата за пиење. Недозволиво е во 21 век граѓаните да не можат да користат исправна вода за пиење од јавниот водоснабдителен систем, пишува во соопштението на СДСМ.
OhridNews
Неисправна водата за пиење во повеќе села во Дебарца и охридско