Од СДСМ Дебрца со обвинувања до градоначалникот на општината, Игор Трајкоски дека и покрај официјалниот почеток на грејната сезона училиштата во општината се без греење.

– Трајкоски не е во состојба да ги обезбеди основните услови за одржување на настава. Во општина Дебарца освен централното основно училиште во село Белчишта постојат уште три подрачни училишта и седум училишта со подрачни паралелки. Училиштето во село Белчишта има централно греење на нафта, а сите други училишта се затоплуваат на дрва. Иако од страна на ВД Директорот Аврамоски уште во јули беа објавени тендери за набавка на нафта  за греење и огревно дрво, до почетокот на грејната сезона истите не се обезбедени, велат од СДСМ Дебрца.

Оттаму го повикуваат градоначалникот Трајкоски да го задолжи Директорот  на ЦОУ “Дебрца”, Иван Димоски,да ги обезбеди  основните услови за настава, односно училиштата да ги снабди  со потребниот огрев.

OhridNews