Ако не знае градоначалникот, граѓаните на општина Дебарца добро знаат дека општинската власт, предводена од претходниот градоначалник Којчиноски реализира бројни проекти за подобрување на просторните услови на основното образование во општината,стои во реакцијата од СДСМ Дебрца во врска со изјавите дадени при пуштањето во употреба на училиштето во Волино дека тоа е првото ново училиште во општината изградено по 25 години.
Од СДСМ Дебрца ги наведуваат претходно реализираните проекти за реконструкција на ЦОУ во село Белчишта, изградба на ново училиште во село Горенци, реконструкција на училиштата во Злести, Мешеишта, Требеништа, Велмеј, Ботун и Лешани.
– Го поздравуваме завршувањето на новото училиште во Волино, проект кој исто така го започна претходниот градоначалник и кој требаше да заврши во 2011 година, кога општината ги изврши своите обврски за изградба на темелната плоча, поврзувањето на комуналната инфраструктура и хортикултурното уредување на дворното место, стои во реакцијата .
Од СДСМ Дебрца додаваат дека во врска со доделувањето од страна на градоначалникот на училишен прибор на првачињата, дека ќе било добро доколку градоначалникот тоа го направел од сопствени средства.
OhridNews