„На 24-ти март, сите граѓани ќе бидат исправени пред досега најважниот личен, демократски предизвик, со својот избор да не учествуваат на вакви локални избори.“ – изјави денеска Оливер Спасовски од Социјалдемократскиот сојуз, демантирајќи ги информациите дека СДСМ предлага локалните избори да се одложат за 7-ми април без предвремени парламентарни избори.

Како што најави Спасовски, од следната недела, „Сојузот на иднината“ ќе продолжи засилено со различни форми на протести, со цел излезе од политичка криза.
Во текот на вчерашниот ден, медиумите пренесоа информација, според која Црвенковски побарал локалните избори да се одржат на 7-ми април без барање за предвремени парламентарни избори.
OhridNews












