Изборната програма на кандидатот за градоначалник на Охрид, Александар Петрески и на кандидатите за советници од СДСМ,  ќе биде претставена денеска на прес-конференцијата што ќе се одржи во ресторанот во манастирскиот комплекс „Свети Наум“, со почеток во 11 часот.

По завршувањето на прес-конференцијата, кандидатите за градоначалник и советници од редовите на СДСМ ќе остварат предизборни средби со жителите од  Љубаништа, Трпејца, Пештани, Велестово и Рача. Жителите ќе бидат запознаени со изборната програма, но ќе имаат можност да ги истакнат своите проблеми и прашања и да дискутираат на актуелни теми од економскиот, политичкиот и општествениот живот во државата.

Ohridnews