Општинската организација на СДСМ од Охрид денес преку писмено соопштение пропратено со фотографии, ги обвини надлежните за комунална хигиена и локалните власти за неодговорност поради големата количина на смет која се наоѓа во дворот ЈП „Охридски Комуналец“.
-Воопшто не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески се залагаат за чист Охрид. Дури чистејќи ја дивата депонија Мауцкер тие во дворот на ЈП „Охридски Комуналец“ депонираат смет и на тој начин се поигруваат со здравјето на граѓаните кои живеат непосредно во околина на местото. ВМРО-ДПМНЕ свесно во населено место прават нова дива депонија, пишува во соопштението на СДСМ.
OhridNews














