СДСМ понуди имиња кои ќе дадат гаранција за реализирање на сите проекции што ќе го направат Охрид европски центар, рече носителот на листата за советници од СДСМ-Охрид, Бранислав Трпчески на денешната прес-конференција на која ги претстави кандидатите за идни членови на општинскиот совет.
Трпчески рече дека листата содржи личности кои се познати и признати во средината каде што живеат и делуваат, од сите професии кои , како што кажа, ќе бидат достапни за жителите на општинава во секое време.
Со сигурност можам да потврдам е дека сите идни советници од нашата партија, ќе работат во функција на граѓаните, чесно и совесно, додаде Трпчевски.
Од партиската говорница тој денеска јавно им го честита одбраната на докторската дисертација на Томислав Тунтев на Техничкиот факултет во Битола, со која кандидатот за советник Тунтев, се стекна со звање доктор на сообраќајни науки и дипломирањето на кандидатката за советничка, Лидија Апостолоска, на факултетот за јавна администрација.
Ohridnews










