– Сметаме дека е недозволиво без почитување на законите, без претходна дебата, еднострано, без присуство на македонските претставници и со гласање само на советниците албанци, Општината Чаир да смени имиња на четири училишта.
Инцидентите во Струга со повторно палење на македонски знамиња, вандализмот и симнувањето на македонското знаме од јарболите на општинската зграда се недозволиви. Дополнително ноќеска непознати вандали го уништиле четириметарскиот крст од црквата Света Богородица во село Боровец, а во струшко Лабуништа ја каменувале приватната здравствена амбуланта. Искрено се надеваме дека инцидентите во Струга се изолирани провокации на поединци кои полицијата многу брзо ќе ги пронајде и ќе ги изнесе пред правосудните органи.-рече Петров.
Тој побара градоначалникот на Струга јавно и недвосмислено да се огради од немилите настани кои, како што истакна, очигледно се негативна последица од протестот зад кој тој отворено застана.