Опозициската СДСМ го оби предлогот на претседателот на Државата за формирање експертска комисија за расветлување на настаните од 24ти декември.

-За жал, Вашиот предлог за формирање на „експертска комисија“ за утврдување на фактите го оценуваме како уште еден обид да се одложи соочувањето на актуелната власт со сопствената одговорност, и затоа за нас е неприфатлив. Ниту на домашната, ниту на меѓународната јавност не им се потребни комисии за да се утврдат фактите, бидејќи снимките со вистината за прекршувањето на процедурите, Деловникот, Законите и Уставот и суспендирањето на парламентарната демократија од страна на власта, веќе го обиколија светот.-стои во одговорот на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на предлогот на претседателот Иванов.

Црвенковски уште истакна дека кај неговата партија постои искрена политичка волја заеднички да се утврдат и реализираат сите предуслови за одржување на слободни и фер предвремени парламентарни избори како прв неопходен чекор за нормализирање на односите и враќање на демократијата во земјата.

OhridNews