Новиот Извршен одбдор (ИО) на општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија – СДСМ, во Охрид, претставува спој на младоста и искуството, истакна на средбата со новинарите претседателот на огранокот Томислав Тунтев.

Новиот ИО на СДСМ брои 18 членови. Дел од нив се истакнати партиски активисти познати на јавноста, а поголемиот дел се млади кои, како што рече Тунтев, треба да внесат енергијата во партијата.

ИО на СДСМ Охрид:
Д-р Ацо Велески специјалист во Коснозглобна (поранешен претседател на ОО СДСМ Охрид)
Сашо Ставрески – професор по физичко образование
Дарко Стевоски – инженер
Ристе Недески – правник
Перо Малески – вработен во Заводот за кардиологија
Климент Ставрески – стопанственик
Васко Паскали – правник
Александар Кузески – правник
Денис Мурат – правник
Даниел Радески – дипл јавен администратор
Никола Галиот- дипл. менаџер по туризам
Љупка Иваноска – менаџер по осигурување
Маре Ристеска – проф.по книжевност
Христина Гогоска – дипл.политиколог
Леонора Новеска – дипл.економист
Д-р Лидија Заричин – офталмолог
Славица Малеска – фармацевт
Елизабета Русеска – правник

-Ова се луѓе без дамка во својата кариера и млади луѓе кои се иднина на партијата. Ние не се откажуваме од никого, ниту имаме намера да раскрстуваме со било кој член на партијата иако има обиди да се минира работата на новиот огранок на партијата уште не почнати, рече претседателот на ОО СДМС Тунтев. Тој истакна дека огранокот во Охрид со работа почнува од нула, со цел да изгради здрава основа за политичко делување.

Приоритет на новиот ИО на ОО СДСМ Охрид ќе биде изработка на програма на огранокот која според најавите треба да биде платформа за следните локални избори. Партијата најави конструктивност во политичкото дејствување, поддршка за сите квалитетни проекти без оглед од кого доаѓаат, издржана критика и инвентивна промоција на сопствените ставови и квалитети.

-Сакаме граѓаните да направат разлика помеѓу тоа што го нудиме ние и нашите идеи и тие на политичките опоненти, додаде Тунтев. Тој најави фер политичка борба со ривалите најавувајќи дека идната недела ќе се сретне со претставниците на другите политички партии во Охрид, со кои, како што рече, ќе разговара за проекти кои се од интерес на сите граѓани на Охрид.

СДСМ најави повеќе проектите кои ќе се реализираат во наредниот период. Првиот е „Волонтирај во СДСМ“ кој ќе се фокусира на младите, а раководството редовно ќе одржува неформални средби со граѓаните со цел да ја презентира партиската програма, истакна Тунтев.

Во наредниот период се очекува партијата да го реши проблемот со простории, рече Тунтев, посочувајќи дека одредени информации пласирани во медиумите во врска со овој проблем се неточни, бидејќи, како што потенцира, партијата не е на улица туку функционира во просториите на бул. „Туристичка“, каде ќе остане до изнаоѓање соодветно просторно решение на што се работи.

OhridNews