На првата прес конференција по затворање на избирачките места, опозициската СДСМ укажува на голем број неправилности за време на изборниот процес.

„Власта продолжи да ја злоупотребува власта и напави изборни нерегуларности. Беше прекршен молкот во сабота вечер и утрово. Многу гласачи не гласаа заради тоа што друг гласал на нивно име. Бројни примери на семејно гласање, фантомски гласачи, „бугарски воз“, сликање со мобилни телефони. Добро е што потешки инциденти немаше. Доколку одзивот, кој е висок, ја одразува волјата на избирачите, тоа ние го поздравуваме.“ – изјави Георгиев, на првата прес конференција на Изборниот штаб на СДСМ.
OhridNews











