-Никола Груевски, ќе Ве прозиваме секој ден јавно да соопштите кои се тие поединци во опозицијата кои според Вас предизвикувале инциденти? Додека не ги извадите на виделина нема да Ве оставиме на раат! Во спротивно ќе останете единствениот осомничен за неодамнешните меѓуетнички инциденти исто како за пописот и инцидентите на скопското Кале, рече потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев на прес конференцијата вчера во Скопје.
Тој отфрли секаква поврзаност на неговата партија со неодамнешните инциденти.