Доаѓањето на Никола Груевски во Охрид беше најавувано цела недела пред вчерашното одржување на трибината на ВМРО- ДПМНЕ во Центарот за култура ,,Григор Прличев,,. Сепак, Груевски не дојде во Охрид. Објаснувањето дека не дошол затоа што се подготвувал за средба со грчкиот премиер Лукас Пападимос,што ќе се одржи на 1- ви март во Брисел е само уште една ДПМНЕ-овска лага на која повеќе никој не верува, велат од општинската СДСМ.

Според нив, Груевски во Охрид не дошол затоа што требало да даде одговор на неколку непријатни прашања, меѓу кои: Зошто охриѓани ги остави без болница повеќе од 18 месеци, зошто си игра со судбината на вработените во ЕМО и зошто го уништува Охридско лето?

OhridNews