
„Груевски лаже каде ќе стигне зборувајќи за наводни дестабилизации, федерализации, лажно претставувајќи се како премиер, затоа што е лажго. Но тоа нема да ја смени реалноста.
Постои демократски формирано мнозинство од 67 народни избраници. Постои само еден документ што и е достапен на целата домашна и меѓународна јавност.
Она што недостига е здрав разум кај Груевски и Иванов на што повика меѓународниот фактор. Криминалците во ВМРО-ДПМНЕ го немаат. Разумните во ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат здрав разум. Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не смеат да поттикнуваат насилство врз мнозинството од граѓаните и парламентарното мнозинство, поради заштита од одговорност за своите криминали.
Брзо ќе има нов претседател на Собранието и нова реформска Влада на граѓаните на Р.Македонија формирана според Деловникот на Собранието, Уставот и законите на Република Македонија.“ – се вели во соопштението.
OhridNews











