СДСМ го обвини ВМРО ДПМНЕ дека сака по секоја цена меѓуетничките односи да станат доминантна тема во кампањата за избори, за што според оваа партија одговорност сноси премиерот Груевски.
-Сметаме дека денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ е неодговорна, срамна, крајно лицемерна и штетна за државата. Партијата за чие дејствување и владеење во сите изминати години заштитен знак се меѓуетничките недоразбирања, судири и тензии, и денес се обиде одговорноста да ја наметне во опозицијата.Навистина не ни е јасно зошто Груевски по секоја цена сака меѓуетничките односи да станат доминантна тема во кампањата за локалните избори. Наместо смирување на страстите, денес режимот долева масло на оганот.-изјави на прес конференција Игор Иваковски, член на извршниот одбор на СДСМ.
Соред Ивановски, со своето однесување власта директно ги потценува граѓаните.
-Зарем некој во Македонија го заборави инцидентот на скопското Кале каде главни актери беа функционери на оваа владејачка коалиција?
Ги заборави ли некој меѓуетничките тензии, протестите кои се случија лани после Вевчанскиот карневал, кога беа каменувани автобуси и сквернавени православни храмови? Од чии редови беа градоначалниците на Вевчани и Струга?
Зарем јавноста не се сеќава на тепачките во автобуси, и хулиганските пресметки со меѓуетнички предзнак кои се случуваа на мостот на скопско Нерези?
Кој ги подигна меѓуетничките тензии со режираниот хаос во Собранието за законот за бранители? И сосема логично, јавноста се уште го чека одговорот по кои критериуми за премиерот, Фатмир Бесими беше помалку прифатлив од Талат Џафери за министер за одбрана?-праша Ивановски.
Тој рече дека СДСМ најостро ги осудува инцидентите и повикува на смиреност.
-Апелираме
до сите политички партии да покажат зрелост и веднаш да престанат да ги
злоупотребуваат меѓуетничките односи за дневно политички цели.-додаде Ивановски.