Изјавата дадена неодамна во медиумите на градоначалникот Кирил Пецаков дека повеќе развојни проекти за Охрид се закочени во процедури во државните институции, предизвика вербална војна помеѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

Околу 2 години му беа потребни на Градоначалникот да се соочи со фактот дека тој и неговиот тим за Охрид ништо не прават, велат од СДСМ.

Ама за да не се ”удира со свои камења по своја глава”, Градоначалникот реши, својствено за дпмне – гарнитурата, да ја префрли топката на другиот за својот неуспех, во случајов на централната власт, истакнуваат од СДСМ.

Според СДСМ, ништо не е закочено во државните институции. Напротив, да не беа проектите и финансирањата од Владата, министерствата и државните институции е тек тогаш навистина нема да имавте со што да се сликнете од време на време и да си го препишете како свое, велат од оваа партија.

Закочени се вашите предизборни ветувања за народот некаде во тој смешен кичерајски тротоар пред Општина, во некоја дозвола за градба на згради, во некое партиско вработување… во безидејноста и слабите менаџерски тимови на јавните претпријатија и локалните институции. Тука е кочницата.- децидни се од СДСМ.

СДСМ Охрид тотално се изгубени во својата неспособност и деструктивност, велат од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

  • Повеќе од два месеца никако да стигне мислењето од Националната комисија за УНЕСКО при Министерството за култура, за да може да се издаде одобрение за градба и да се распише тендер за изградба на плоштадот „Крушевска Република“. Истата Комисија ја кочи Катната гаража барајќи повеќе пати да се измени проектот кој се измени, ама сѐ уште се чека мислењето.
  • Министерството за екологија никако да го издаде одобрението за изградба на канализација во Трпејца.
  • Фамозната Комисија не издава одобрение ниту за канализација во Горно и Долно Лакочереј.
  • Министерството за образование и наука немаше укинато паралелка уште во ОСУ „Свети Климент Охридски“ и тоа ѝ го направи на Гимназијата. – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот Кирил Пецаков и Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата има за цел по 30 години да ја раздолжи Општина Охрид и сметката да биде одблокирана, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Охрид со ВМРО-ДПМНЕ се гради и се случуваат промени, но ве прашуваме до каде ви се ветените проекти пред четири години пред охриѓани:
-Модерниот здравствен центар?
-Изградбата на автопатот Кичево-Охрид?
-Рехабилитацијата на патот Охрид-Свети Наум?
-Медицинската опрема за осовременување на болницата „Св. Еразмо“?
-Целосната реконструкција на Гимназијата?
-Реконструкцијата на угостителското училиште и ученичкиот дом?
-Изградбата на затворениот пливачки базен?
-Изградбата и санацијата на Колекторскиот систем?
Охрииѓани го знаат одговорот: До никаде! – се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews