Наместо најавената индустриска зона, просторот кај Мауцкер и понатаму служи како депонија на која се одлага цврст отпад, велат од СДСМ.
– На 9- ти февруари минатата година се испоснимаа владнини и локални функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Најавуваа дека на земјиштето на военото стрелиште што го предаваат на општина Охрид, ќе никне индустриска зона. Зоната ќе привлече странски и домашни инвеститори и ќе отвори нови работни места. Местото на виртуелните странски и домашни инвеститори и работни места, зоната Мауцкер, денес, година ипол подоцна, е депонија, велат од СДСМ.
Според СДСМ најавената индустриска зона Мауцкер е уште една лага на акуелната власт.
OhridNews