СДСМ и официјално донесе одлука кандидат за претседател на ДИК да биде Никола Рилкоски, соопшти партијата.
„Рилкоски е долгогодишен правник и поранешен пратеник, со искуство во струката, кој работи доследно според начелата на правото и неговата примена. Тој е по потекло од Охрид. Станува збор за принципиелен човек, што го има докажано и при извршувањето на повеќе високи позиции и во неколку јавни претпријатија.
Уверени сме дека господинот Никола Рилкоски ќе ги исполни законските обврски што ги бара функцијата за којашто се кандидира, како и очекувањата за професионална, посветена и ефикасна работа на новиот претседател во нависокото изборно тело, Државната изборна комисија.“-стои во соопштението на партијата.
OhridNews