Oпштинската организација на СДСМ – Дебарца ја обвинува владејачката ВМРО ДПМНЕ за неисполнување на дадените ветувања. Повод за обвинувањата, како што се наведува во соопштението, е партиската трибина на ВМРО ДПМНЕ одржана деновиве во Мешеишта.

СДСМ бара ВМРО ДПМНЕ да им одговори на граѓаните каде е ветената индустриската зона во Мешеишта и најавените инвеститори, каде се осумте винарии во Мешеишта во рамките на Проектот “100 винарии”, 200-те нови вработени во рудникот Стогово, ветениот откупно дистрибутивен центар за земјоделски производи…

Опозицијата ја обвинува владејачката партија и за нереализирани инфраструктурни проекти, но и за оштетување на граѓани на чии имоти минува трасата од автопатот Oхрид – Кичево. Од СДСМ бараат објаснување зошто на овие граѓани наводно им се дава надоместок чија вредност е под пазарната цена.

OhridNews