Потенцијалите и квалитетите на кандидатите за советници од редовите на СДСМ Охрид  ќе бидат претставени денеска на прес-конференција што ќе се одржи во општинскиот изборен штаб на СДСМ-Охрид со почеток во 11 часот.

Прес-конференцијата ќе ја одржи носителот на листата, Бранислав Трпчески.

Трпчески кој ќе се осврне на улогата, значењето и приоритетите на советниците воопштинскиот совет, на основните принципи, вредности и критериуми според кои ќе се раководат советниците од СДСМ во работата на идниот состав на советот, како и за начинот и критериумите за соработка на советниците со градоначалникот во локалната самоуправа.

Ohridnews