Како што пишува „Утрински весник“, најтесното раководство на социјалдемократите ноќеска расправало неколку часови за политичката ситуација и за нивните следни потези.

Според неофицијални информации, било договорено денеска јавно да му се предложи на Груевски – постапката за кандидирање на градоначалници и советнички листи да биде продолжена во наредните десет дена за да може СДСМ да достави кандидатури.

Исто така, Црвенковски ќе поставел и услов до Груевски- ако на локалните избори СДСМ освои еден глас повеќе од ВМРО-ДПМНЕ веднаш да бидат распишани вонредни парламентарни избори, а доколку пак ВМРО-ДПМНЕ освои еден глас повеќе, опозицијата нема да бара парламентарни избори до 2015 година, кога е редовниот рок за нивно одржување, стои во текстот на „Утрински весник“.

OhridNews