
-На 24 март 2013 година, сите граѓани ќе бидат исправени пред досега најважниот личен, демократски предизвик, со својот избор да не учествуваат на вакви локални избори, всушност да го дадат својот конкретен влог за иднината на државата.Убедени сме дека граѓаните ќе препознаат дека ова е единствената можност за обнова на демократијата, слободата и правдата во Република Македонија и масовно ќе му се приклучат на ова движење.-рече Ивановски.
Тој најави дека претстојната конвенција ќе го означи стартот на операционализацијата на планот за активен бојкот, посочувајќи дека опозицијата ќе користи различни форми на протестни активности како одговор на кампањата на власта.
-Дел од нив ќе најавуваме, а многу од нив ќе бидат изненадување.-додаде Иваносвки.











