ОО СДСМ Охрид во допис до медиумите реагира за, како што велат, зголемување на платата на директорите на јавните претпријатија, за што побарале и писмен одговор од јавните претпријатија кој сеуште го немаат добиено.
Советниците од СДСМ и коалицијата на седница на Советот на Општина Охрид поставија конкретни прашања за зголемувањето на платите на директорите на јавните претпријатија. До денес – одговор нема. Бидејќи очигледно и едноставните прашања стануваат сложени за оваа локална власт, повторно побаравме одговори – овојпат и писмено. Прашањето е едноставно: Кој, кога и врз основа на која одлука им ги зголеми платите на директорите на jавните претпријатија? Станува збор за јавни пари и право на граѓаните да знаат. Ако сè е законски и транспарентно, зошто толку долго се чека на одговор?, посочуваат во дописот.
OhridNews












