ВМРО ДПМНЕ воведе принудна управа не само во општинскиот комитет во Охрид, туку и на нивниот кандидат за градоначалник, изјави денеска на прес конференција порtпаролот на ОИШ на СДСМ, Лидија Апостолоска.

–Гледаме на билбордите, сликани и кандидатот и премиерот. Па пишува гласајтe… За кого тоа да гласаме?! За кандидатот или за премиерот?! Кој е кандидатот за градоначалник не ни е јасни?!, праша Апостолоска. Таа додаде дека кандидтот на ВМРО ДПМНЕ го нема ниту во телевисиските реклами и дека тоа е стратегија, како што ја нареле„Кандидат за градоначалник со слика, без тон“, рече Апостолоска.
На редовната прес конференција членот на идниот совет од СДСМ, Тони Тунтев, се осврна на реализираните проекти на локалната самоуправа во изминатите 4 години. Тој рече дека во Охрид е направено многу во подобрување на сообраќајот, инфраструктурата, културата, спортот и дека резултатите од работата на локалната самоуправа под водство на Александар Петрески се видливи.

Тунтев ги изложи приоритетите за кои советничката група на СДСМ ќе се залага во наредните 4 години за старото градско јадро:
-довршување на сите започнати комунални инфраструктурни инвесициони зафати
-донесување издржани ДУП-ви
-изградба на мини плоштад кај горна порта
-чистење и уредување на шумата Имарет
-уредување на пристапните патеки до културните и природните знаменитости
-повторно водедување на посебен режим на сообраќај во високата туристичка сезона,
-одредување соодветни простори за паркинг или катна гаража и друго











