Наместо развојни зони, од криминалните политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ останаа само празни ливади. Локалитетот „Мауцкер“, наместо индустриска зона стана депонија, велат од општинската СДСМ.
– Иако во програмата на градоначалникот Бакрачески беше приоритетен проект за изградба на развојна индустриска зона ВМРО-ДПМНЕ го остави како депонија во која што без контрола се депонира градежен, но и комунален отпад од страна на ЈП „Охридски Комуналец“. ОО СДСМ Охрид во неколку наврати претходно укажуваше дека локалната власт на несоодветен начин се однесува со локалитетот „Мауцкер“. Дополнително,депонијата предизвикува штета и на здравјето на граѓаните, велат од СДСМ.
Оттаму, потенцираат дека „Мауцкер“ е уште една потврда дека ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ не се остваруваат.
– За ВМРО-ДПМНЕ најважно е личното богатење на своите партиски претставници, граѓаните се целосно заборавени.180 илјади граѓани во Македонија живеат со по само 40 денари на ден. Над 500 илјади живеат во сиромаштија. Невработеноста расте. Затоа младите ја напуштаат Македонија, затоа младите го напуштаат Охрид. Криминалот и корупцијата одземаа многу работи места, додаваат од ОО на СДСМ.
Од СДСМ велат дека кога ќе ја преземат одговорноста што ќе им ја дадат граѓаните, ќе ги променат приоритетите и парите ќе ги насочат кон решавање на реалните проблеми на граѓаните.