Време е граѓаните на Охрид и Република Македонија да ја знаат вистината-  која партија додека била на власт како менаџирала со претпријатијата во Охрид во изминатите  20 години, беше истакнато на денешната прес конференција која пред компанијата ЕМО ја одржаа градоначалникот Александар Петрески и претседателот на општинската организација на СДСМ, Науме Јованоски.

При тоа, беа споменати фирмите Охридска трговија, Слобода, Трудбеник, Отекс и ЕМО, кои според Петрески и Јованоски се пример за компании кои пропаднале поради раководењето од страна на лица од ВМРО- ДПМНЕ, односно луѓе блиски на оваа партија .   

Додека со Слобода раководеше менаџерски тим поставен од СДСМ, Слобода беше фирма за пример во која работеа задоволни и среќни луѓе, а кога во 1998 год. за директор беше поставен стручњакот на ВМРО ДПМНЕ, Војне Војнески, од фабрика за изработка на метални производи направи кочина , а работниците се разбира беа прогласени за технолошки вишок, беше истакнато на прес- конференцијата.

Време е да му кажеме на Никола Груевски и ДПМНЕ дека народот ги виде неговите лаги во 100 чекори и работниците се незадоволни од неговата таканаречена преродба во економијата. На владеењето со страв и популизам му доаѓа крајот – народот се плашИ, но гледа и чувствува дека преродбата пропаѓа.  Единствено СДСМ и Бранко Црвенковски се тие кои со конкретни мерки нудат излез од оваа состојба а Груевски упорно ги одбива и владее со лаги,страв и популизам, потенцираа Петрески и Јованоски.

OhridNews