
– Не се точни тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ. Не се брише ништо, ниту Крушевската Република, ниту АСНОМ. ВМРО-ДПМНЕ не знае што зборува, лаже. Напротив, со Договорот се потврдува и зацврстува историскиот континуитет на државата. Му се допаѓало тоа или не на ВМРО-ДПМНЕ, Договорот го потврдува и зајакнува македонскиот идентитет. Македонски јазик, македонска култура, Македонец, Македонка, македонско оро, се утврдени и загарантирани термини и никој повеќе нема да може да ги негира и оспорува како што се случуваше досега. – се вели во соопштението на СДСМ.
OhridNews












