Во повеќе одделенија во Општата болница во Охрид, како што се интерното, геријатриското и детското одделение нема греење, тврди опозициската СДСМ.

-Во ек на ниски температури, пацинетите се смрзнуваат и се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Граѓаните се револтирани и со право реагираат. Тие мора сами да си обезбедуваат греалки со цел да си обезбедат минимум соодветни услови за својот престој. Ситуацијата е крајно драматична, затоа што пациентите се соочени со крајно лоши и нехумани услови. – велат од општинската организација на СДСМ – Охрид.

Додаваат дека општата болницата години наназад ја тресат скандали, почнувајќи од нејзината екстремно скапа изградба, до немање соодветен персонал, посебно доктори специјалисти, несоодветни услови и грижа за болните. 

OhridNews