СДСМ објави отворен повик за самокандидирање за Претседатели на Општинската организација на СДСМ. Во повикот стои дека се повикуваат сите заинтересирани членови на Општинските организации на партијата да поднесат кандидатура за Претседател на Општинската организација на СДСМ, а притоа да ги исполнуваат критериумите од Правилникот за кандидирање и избор на Претседател на ОО на СДСМ.
Според наведените критериуми, заинтересираните треба да уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивната средина, да бидат доследни во остварувањето на политичките и програмските определби на СДСМ, да имаат јасна визија за идниот развој и делување на СДСМ на локално ниво, да поседуваат силни политички и организациски способности, да бидат подготвени за воведување современи методи и технологии за работа, да поседуваат вештини за јавен настап, да се однесуваат со почит и толеранција кон партиските колеги, да потпишат изјава за прифаќање на Етичкиот кодекс на СДСМ и истиот целосно да го почитуваат, како и да бидат членови на СДСМ во моментот на поднесување на кандидатурата.
Заинтересираните кандидати своите програми за работа треба да ги достават најдоцна до 05 јуни 2019.
Повикот следува по разрешувањето на претседателите на општинските организации, како и на генералниот и организациониот секретар и извршниот одбор на партијата и други партиски функционери на партијата.
OhridNews