Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски најави дека опозицијата одвечерва ќе започне со полчасовно блокирање на клучните сообраќајници ширум Македонија, а во сабота протест е најавен пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ.
-Вчера, кругот кој што оваа власт го испишуваше во изминативе 7 години целосно се затвори. Македонија конечено и дефинитивно не е демократска и правна туку партиско-полициска, режимска држава. Тоа е вистината со која мора да се соочиме и против која мора да се бориме. Од вчера, парламентот не е ништо друго освен партиска испостава на владеачките партии. За нас тој повеќе не постои и пратениците од коалицијата Сојуз на иднината повеќе во неговата работа нема да учествуваат. Од денес СДСМ заедно со своите коалициони партнери преоѓа на поинаков, соодветен на приликите и карактерот на овој режим начин на дејствување. Ќе организираме и поддржуваме секаков облик на граѓански отпор и непослушност. Ќе организираме и поддржуваме секаков вид на митинзи, протести, блокади на сообраќајници. Некои од овие наши активности претходно ќе ги најавуваме, а некои од разбирливи причини не. Почнуваме од вечерва со полчасовно блокирање на клучните сообраќајници во сите градови ширум Македонија. Овие активности ќе траат до петок навечер,а во сабота во 12.00 часот ќе организираме протест пред главното седиште на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. -рече Црвенковски.
Како што дознаваме протест вечерва ќе има и во Охрид.
Црвенковски додаде дека крајната цел на најавените активностие враќање на уставниот поредок и демократијата во Република Македонија.
-За да тоа се случи овој тоталитарен режим ќе мора да си замине.-истакна Црвенковски, посочувајќи дека вчера беше извршено класично убиство со умисла на Уставот и демократијата во Република Македонија.