Сојузот за иднина, не одлучи да ги бојкотира престојните локални избори затоа што немаше време да состави кандидатски листи, туку одлуката е одговор на партиско-полициски пуч на власта, во кој и самиот Ставревски по налог на Груевски беше директно вклучен, заради што беше суспендирана парламентарната демократија и поништен легитимитетот на државните институции, се наведува во соопштението од СДСМ по прес- конференцијата на Ставрески на која беше даден нов предлог за продолжување на рокот за доставување листи до 3- ти март.

– Никој во Република Македонија нема дилема дека кредибилитетот на државните институции го даваат, и во конкретниот случај може да го вратат, единствено граѓаните преку своите гласови на слободни и фер предвремени парламентарни избори. Токму во тој контекст, претседателот Бранко Црвенковски, во име на здружената опозиција, на 15 февруари, предложи разумен, конструктивен и фер план за излез од кризата, според кој одлуката дали ќе има или не предвремени парламентарни избори да одлучат граѓаните на претстојните локални избори, а не ВМРО ДПМНЕ или СДСМ. Доколку во ВМРО ДПМНЕ навистина веруваат во подршката на граѓаните и во победата на претстојните локални избори, нема никакво логично образложение зошто упорно го одбиваат овој предлог, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека после денешната прес конференција, на која всушност немало никаков предлог од ВМРО ДПМНЕ, јасно е дека Никола Груевски искрено не посакува решавање на политичката криза.

OhridNews