Во рамките на утврдената агенда за планираните предизборни активности за 04.03.2009 година, синоќа во 18:00 часот, на платото пред ТИНЕКС кај трговскиот центар „Трудбеник“ во населбата „Билјанини извори“, се одржа мал предизборен митинг, на кој беа претставени кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници од советничката листа на СДСМ Охрид. На неколку стотина присутни граѓани од овој дел на Охрид им се обратија г-дин Јани Макрадули, потпретседател на СДСМ и г-дин Александар Петрески, кандидат за градоначалник од  СДСМ Охрид, при што беа изложени основните одредби од изборната програма на СДСМ за претстојните претседателски и локални избори.

Во организација на Локалниот клуб на жени од СДСМ Охрид, синоќа во 20:00 часот во големата сала на Општина Охрид, во присуство на стотина жени од Охрид, се одржа стручна трибина на тема „Болести на дојката кај жените – информирање, рано откривање, превенција и лекување“. Учесниците на трибината прв ги поздрави г-дин Александар Петрески, кандидат за градоначалник од СДСМ Охрид.

Во рамките на утврдената агенда за планираните предизборни активности за денес, 05.03.2009 година, кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници од редовите на СДСМ Охрид вечерва ќе ги посетат и ќе остварат предизборни средби со жителите од Косел и Лескоец. Во директен, отворен и непосреден разговор со граѓаните ќе бидат презентирани основните одредби од изборната програма на СДСМ за претстојните претседателски и локални избори, а предвидено е да се дискутира за сите отворени прашања и проблеми, како и за  актуелните случувања на политичката, економската и општествената сцена во општината и во државата, соопшти прес службата на СДСМ.

Ohridnews