ОО СДСМ Охрид бара итна ревизија на работењето на јавните претпријатија, отчетност од менаџментот, како и јасен план за излез од финансиската криза без нови оптоварувања за граѓаните, беше потенцирано на денешната прес конференција на која се обрати секретарот Јован Крлев.
Граѓаните на Охрид како никогаш до сега се сочуваат со удар по домашниот џеб, поскапување на услугите на јавните претпријатија. Тоа што дополнително загрижува е фактот што и покрај зголемените цени дел од јавните претпријатија работат со загуба. А, локалната власт упорно продолжува да ги субвенционира со народни пари. Прашуваме каде се потрошени средствата од субвенциите, затоа што на крајот тоа се средства на граѓаните, а граѓаните не го гледаат бенефитот од тоа, рече Крлев.
Како е возможно, посочи, при 100% зголеми цени за паркинг места на пловни објекти при пренатрупаност, безредие и никакви услови ЈП Билјанини Извори да живее со субвенции од Општина Охрид.
Или како е возможно при 30-50% зголемени цени за комунални услуги ЈП Охридски Комуналец да е во загуба од 37 милиони денари, а при тоа да е исто така субвенциониран од Општина Охрид. И зошто Охрид има проблеми со водоснабдувањето, додека на секој чекор има дефекти кои со денови се санираат, а износот на цена за вода е зголемен над 40%. А, сепак претпријатието доколку немаше 16 милиони денари субвенции од Општина ќе прикажеше загуба. Ситуацијата со ЈП Градски гробишта му е позната на секој граѓанин и доколку би сакале да го заборавиме пречекот за Велигден, а невозможно е би забележале само хаос и негрижа. Иако граѓаните се приудени да плаќаат 100% зголемени цени за нивните услуги. И ЈП Градски пазар не остана без субвенции од Општина Охрид без кои не би можеле ни да исплатат плати. Тој факт ги зачудува граѓаните добро запознаени со приходите кои ова јавно претпријатие може да ги оставри во најмала рака со давање на типизираните куќарки и тезги кои за жал се даваат само на заслужни партиски приврзаници.
Охрид и понатаму, истакна Крлев, останува препознатлив по шахтите и дупките и се тоа, вели, благодарение на ЈП Нискоградба.
ЈП Колекторски систем до летната сезона требаше да ја има пуштено во употреба пречистителната станица во Трпејца или полесно им е фекалиите да ги испуштаат во езерото. Како што тоа и го прават. И на крај, работниците имаат право да знаат зошто јавните претпријатија повторно покажаа дека еднаквиот третман кон вработените не им е приоритет. Зошто им се зголемуваат платите само селективно на поединци, а не на сите вработени. Наместо да го вреднуваат трудот на сите, тие ја наградуваат лојалноста кон власта. Кога конечно ќе сфатат дека не се приватни фирми, туку се финансираат од парите на народот. Уште една потврда за наводната неселективност во владеењето на ДПМНЕ.
Сето ова е доказ, додаде Крлев, за целосната неспособност и неодговорност за раководството на Општина Охрид и директорите поставени од ДПМНЕ, а градоначалникот и мнозинството во Советот никако не успеваат да воведат ред во јавните претпријатија, ниту да обезбедат ефикасно и одржливо управување со општинските ресурси.
Н.С.Ј.