
-Сведоци сме дека во последните нееколку дена , кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ Никола Бакрачески, во придружба на партиски функционери, се промовира на средби со граѓани од различни целни групи. Згора на тоа ваквата предвремена кампања ја следат и медиумите.-стои во реакцијата на СДСМ.
Во соопштението уште се наведува дека кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ Никола Бакрачески, средбите ги одржува во тек на работното време и дека наместо како лекар да си ја врши работата во Центарот за рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања, тој ги занемарува пациентите и води предвремена предизборна кампања.
-Апелираме до надлежните институции да го санкционираат ваквото очигледно кршење на законите од страна на ВМРО- ДПМНЕ. Воедно ги потсетуваме претставниците на ОБСЕ и ОДИХР да го имаат во вид ваквото кршење на одредбите од Изборниот законик и нарушувањето на процесите за фер и демократски избори.-се вели во соопштението.











