Перчо Божиноски, претседател на Советот на општина Охрид, вработен во охридската гимназија а претходно вработен во средно стручно училиште, бесрамно манипулира со изјави со цел да затскрие одредени состојби кои го уништуваат угледот на гимназијата, обвинува ОО СДСМ Охрид..
Опозициската партија му замерува на Божиноски за наводите дека учениците од средните стручни училишта можеле да полагаат стручна матура и да го продолжат своето образование во високообразовна установа само на соодветната студиска програма. Ова претставува невистина во обид да ги одвлече полуматурантите и нивните родители од запишување во охридските средни стручни училишта, велат од СДСМ.
Тој го цитира САМО став 8 од ЧЛЕН 38:
(8) Учениците кои положиле државна стручна матура за запишување во високото образование можат да го продолжат своето образование на високообразовна установа на соодветна студиска програма.
НО СВЕСНО ГО ПРЕСКОКНУВА став 3 од истиот член кој вели:
3) Учениците од стручното образование со четиригодишно траење полагаат државна матура и/или државна стручна матура и/или училишна стручна матура.
И став 11 кој вели:
(11) Учениците од стручното образование со IV ниво од МРК и од уметничкото образование кои сакаат да го продолжат своето образование на друг вид студиска програма на високо образование, различно од средното образование кое го завршиле, полагаат државна матура, согласно критериумите за упис на високообразовната установа.
Значи учениците во средните стручни училишта исто така имаат опција да го продолжат своето образование во високообразовна институција на БИЛО КОЈА студиска програма преку полагање на државна матура која им стои како опција.
Го повикуваме експертот за сештологија Перчо Божиноски да не се обидува да го замајува народот, стои во соопштението.
СДСМ го обвинува Божиноски и за неколегијалност.
Во гимназијата има наставен кадар достоен за почит. Кадар кој никогаш до сега не чувствувал ривалство со оној во еконосмкото училиште, или ОЕМУЦ или угостителското училиште. Во гимназијата имало, има и ќе има ученици кои слободоумно си ја бираат за средното образование. Единствено што во гимназијата не треба да има е вакви поединци кои својот неуспех го „перат“ на грбот на децата, родителите и наставниците, додаваат од СДСМ.
OhridNews