Со промените на Статуот за прв пат, за да покажеме на дело и да направиме чекор напред во демократизацијата, ќе избираме претседател на СДСМ на непосредни избори, изјави потпретседателот Оливер Спасовски кој вчера Охрид, во партиските простории разговараше со членството за процесот за ажурирање на членството.
Во монетот имаме 1563 тимови на територијата на земјата коишто работат во 74 општински организации коишто ќе ги посетат домовите на нашите членови по сите стандарди и по сите здравствени протоколи во оваа Ковид криза. На таа тема разговаравме и во општинската организација на СДСМ во Охрид каде во тек е реевиденција на членови на партијата и на тој начин да покажеме дека ако можеме самите да се демократизираме, ние имаме капацитет да правиме демократизација и на институциите на општеството. – рече Спасовски
Спасовски ги повика членовите на СДСМ во Охрид да пристапат кон ажурирање на своето членство со што ќе ја добијат својата електронска картичка за членство.
Воедно остануваме отворени и за секој еден којшто сака да пристапи кон Социјалдемократскиот сојуз, да пристапи кон овие наши идеи, којшто споделува заеднички ставови за иднината на нашата држава, исто така то може да го направи во целиот овој период и по ажурирањето очекуваме дека на 21 март членовите ќе гласаат за избор на новиот претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. – рече Спасовски.
Според Спасовски овој процес претставува основа за идниот развој и на партијата и на државата.
OhridNews