Граѓаните знаат дека заштитени се македонскиот јазик, идентитет и посебност и дека во ЕУ ќе се интегрираме како Македонци кои зборуваат македонски јазик, велат во реакцијата на денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ Ок Охрид од СДСМ Охрид.

ВМРО ДПМНЕ треба да смогнат сили да им се извинат на граѓаните за сите нивни лаги со кои повикуваа на протести и се обидуваа да го поделат народот! Со видлив “НЕ” натпис се шетаа пред и во законодавниот дом ветувајќи им на своите сопартијци дека ќе гласаат против … а што направија? По милионити пат ги излажаа своите членови и кукавично ја напуштија седницата, велат од СДСМ Охрид.

Македонски јазик, се вели во реакцијата, беше достапен и на официјалниот канал на ЕУ, а на сателитскиот сервис на ЕУ беше испишан како македонски јазик, чист и без додавки.

Преговорите ќе се водат на македонски јазик со чиста формулација, без дополнителни објаснувања, без фусноти и придавки, а по влезот во Унијата македонскиот јазик ќе стане рамноправен со останатите јазици на ЕУ, додаваат.

СДСМ е партија која исполни уште една стратешка цел и ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата, партија која во ниту еден сегмент нема да дозволи на било каков начин да се помати среќата која сите Македонци денес ја чувствуваат. Нема потреба од правдање пред својот народ… пред фактите и Боговите молчат ! За подобра иднина, за наши поколенија да ја имаат Европа дома!- нагласуваат во реакцијата од СДСМ Охрид.

OhridNews