К – 15 за просветните работници е она кое што гласно го поздравува народот. Владата и Министерството си ја извршија својата обврска исполнувајќи ги очекувањата на просветните работници, очекуваме Општината да пристапи кон исплата со што ќе ја исполни својата законска обврска, велат од СДСМ Охрид.

Зголемување на платата на просветните работници за 55 % изминативе години е нешто што се случи после долги години статус кво во оваа област, бидејќи претходната централна власт овие луѓе ги имаше занемарено. Но, не само во тој сегмент, туку оваа Владата предводена од СДСМ постојано го поддржува дуалното образование. На ниво на цела држава повеќе од 250 фирми имаат склучено меморандуми за соработка и поддршка на стручните училишта. Во Охрид учениците од дуалните паралелки од сите три средни стручни училишта аплицираат за стипендија во вредност од 3500 денари на месечно ниво, за 9 месеци во годината, потенцираат.

Она што е во центар на државата, велат, е секако инклузивното образование и пристап до еднакви можности за образование.

За таа цел и годинава се пристапи кон вработување на 800 образовни асистенти во основните училишта во целата држава, од кои околу 10тина се вработени во училиштата во Охрид. Повеќе за децата, повеќе за сите!, додаваат во  соопштението од СДСМ Охрид.

OhridNews