Неодамна повлечените точки од сферата на урбанизмот од седница на советот, беа тема напрес конференцијата што денеска ја одржа општинската организација на СДСМ Охрид.

Како што рекоа од СДСМ Охрид, при утврдување на дневниот ред за 12-тата седница на Советот, оддржана на 29-ти октомври, претставник на локалната самоуправа повлекол две точки од предложениот дневен ред, кои се однесуваат на урбанистичката сфера.

Притоа, образложението што го чувме од надлежните беше дека деталните урбанистички планови, за урбаната заедница 2, опфат 4 и опфат 5, ги повлекле од дневен ред поради тоа што опозицијата ја напушти седницата и не учествуваше во нејзината работа. Наводно, сериозноста на тие две точки била многу голема, така што советничкото мнозинство не сакало да расправа по истите без присуство на опозицијата.“ – изјави, Кристина Гогоска, претседател на Центарот за комуникации на ОО СДСМ Охрид.

Таа додаде дека советниците од коалицијата „Сојуз за иднината“ ја напуштиле седницата, изразувајќи солидарност со колегата советник од Советот при општина Центар, Мирослав Шиповиќ.

На колегата Шиповиќ не му беше дозволено да се брани од слобода за покренатото обвинение. Советниците истиот ден излегоа со своја изјава зошто ја напуштиле седницата, знаејќи дека образложението е неточно кое го даде предлагачот. Два дена подоцна, на 31-ви октомври, советниците предложија истите повлечени точки да бидат ставени на дневен ред на 13-та седница. Со оглед на фактот дека точките беа поминати на комисиска расправа, советниците од позицијата беа спремни да дискутираат, не постоеше ниту една причина мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ да не ги стави на расправа тие две точки.“ – додаде Гогоска.

Од опозиционата СДСМ тврдат дека образложението на предлагачот било невистинито, неискрено и неточно, а на наредната седница оддржана на 31-ви октормви, советниците на СДСМ предложиле истите тички да бидат ставени на двенен ред.

Со оглед на фактот што тие две точки веќе беа поминати на комисиска расправа, и со оглед на фактот што опозицијата беше целосно подготвена да дискутира за тие точки, не постоеше ниту една оправдана причина советничкото мнозинство да не го прифати барањето на СДСМ и да не ги постави на дневен ред за расправа. Опозицијата дури и побара, со предлог за дополнување на дневниот ред, точките да бидат ставени на расправа. Цели 4 години, во периодот на владеење на поранешните градски власти од 2009 до 2013, советниците од ВМРО-ДПМНЕ беа исклучиво против сите детални урбанистички планови што содржат стамбени згради и секогаш гласаа против таквите планови. Притоа, нивниот таканаречен принципиелен став беше дека во Охрид владее урбаната мафија, дека со таквите планови се прави бетонска инвазија на градот, дека Охрид се уништува како туристички центар и дека тогашните градски власти спроведуваат урбанистичко дивеење и хаос, што го обезличува градот.“ – потенцира Гогоска.

Претседателот на огранокот на СДСМ, д-р Томислав Тунтев, истакна дека опозицијата нема намера да биде алиби за повлекувањето на овие точки од дневниот ред.

До овој момент на седница на дневен ред немавме Детални урбанистички планови во финална фаза на донесување. Ова беше првата седница каде два Детални урбанистички плнови во финална беа предложени и неможевме да претпоставиме како ќе реагира советничкото мнозинство. Сега прв видовме дека ги повлекуваат од дневен ред, затоа што не можат внатрешно да се договорат. Доколку продолжи ваквата приказна, ние ќе имаме повеќе вакви прес-конференции. СДСМ никогаш не била против донесувањето на овие планови, бидејќи сметаме дека урбанизацијата воведува ред, односно претставува задоволување на елементарните потреби на граѓаните од сферата на урбанизмот.“ – истакна Тунтев.

Инаку, на денешната прес-конференција, општинскиот огранок на СДСМ го претстави новиот центар за комуникација, чиј потпарол е Александар Кузески. Членови на центарот се Маре Ристеска и Љупка Ивановска.

OhridNews