Опозициската СДСМ викендов во Скопје го одржа 31 конгрес на кој учествуваа и членоиви на Општинската организација од Охрид, предводени од претседателот на огранокот Асен Шајн.
Денес на СДСМ му е потребна енергија, јасност и единство. Луѓе кои ќе знаат да ги слушнат членовите, да ги поврзат локалните организации со централата, и да ја вратат довербата таму каде што е разнишана. Ни треба визија, но и храброст таа визија да се спроведе, велат охридските социјалдемократи.
Охридските социјалдемократи повикаа на обединување и единство.
Да одиме во таа насока! Не затоа што не сме грешеле, туку затоа што е шанса да продолжиме напред — организирано, одговорно и со јасна политичка насока. Во вакви моменти, најголемата сила на една партија не е во поединци, туку во способноста да застане зад заедничка одлука и да ја претвори во акција. Важно е да сме подготвени и понатаму да работиме за СДСМ, да бидеме на терен, со граѓаните, со членството, и да го вложиме целото искуство што го стекнавме — и во победите и во поразите. Затоа што оваа партија е поголема од било која функција и од било кој мандат, истакнуваат од ОО СДСМ Охрид.
31 Конгрес на СДСМ се одржа по два тешки изборни порази на партиите и претставува своевиден тест за натамошната иднина на партијата. Зад затворени резултати се дискутирало за иднината на партијата и потребата од внатрешна консолидација и реформи, со акцент на поголема вклученост на членството во креирањето на политиките и изборот на кадровските решенија во општинските организации.
OhridNews














