Во пресрет на велигденските празници ОО на СДСМ–Охрид, реализира хуманитарна акција со која се донираат прехранбени производи за социјално најзагрозените семејства на територијата на општина Охрид.

Мобилните тимови составени од членови на највисокото партиско раководство, предводени од претседателот на Лазе Таневски, пратеничката Жаклина Лазаревска и членови на СДММ од Охрид, доставија прехранбени пакети до 150 семејства со социјален ризик независно од етничката припадност и религија.

  • Ова е уште еден знак на почит кон нашите сограѓани на кои мислиме секојдневно, особено сега во оваа криза поради коронавирусот и во пресрет на Велигден. Ние бевме кај нив и заминавме со пораката „Седете дома – тука сме за Вас“. Честитајќи им го празникот воедно ги замоливме нашите сограѓани да ги почитуваат мерките на Владата, да ја почитуваат хигиената и дистанцата, да не излегуваат од дома, додека помине опасноста од коронавирусот. Така ќе го спасат својот и нечиј живот, велат од СДСМ – Охрид.

Активистите на СДСМ – Охрид упатуваат јавна благодарност до фирмата „Емакс“ за помошта при транспортот на пакетите.

OhridNews