Зад наводното намалување на цените во интерес на граѓаните се крие реално зголемување на трошоците за граѓаните, реагираат од ОО СДСМ Охрид на вчерашното соопштение на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид во однос на предложените нови цени.

Релативно намалување на цените се предлага само во Премиум зоната која брои најмалку паркинг места. Граѓаните во оваа зона со измените ќе можат да ги паркираат своите возила шест месеци по цена од 30,00 денари по час. Но затоа останатите шест месеци за истата услуга ќе платат 100,оо денари по час. Цената од 100,оо денари по час со одлуката која е сеуште во сила се применува само три месеци во екот на туристичката сезона, велат во реакцијата.

Додаваат дека на сметка на најавеното поефтинување на цените за паркинг просторот во Премиум зоната, со предложените измени растат цените во Зоната А и Зоната Б во кои се наоѓаат најголем број од паркинг местата.

Во Зоната А граѓаните наместо три месеци, сега за своето возило ќе треба да плаќаат шест месеци по 40,00 денари за час. Во Зоната Б наместо досега утврдената цена од 20.оо денари по час важечка во девет месеци од годината и цената од 30,оо денари по час во останатите 3 месеци, со измените ќе треба да плаќаат шест месеци по 30,оо денари од час, а останатите шест месеци 40,оо денари од час. Граѓаните заинтересирани за дневни карти истите ќе можат да ги набават по цена од 400 денари во Зона А и Б во текот на шесте „зимски месеци“ и по цена од 600, односно 500 денари во шесте „летни месеци„. Повеќе нема да можат да набават дневни карти за 400 и 300 денари во текот на целата година, потенцираат.

Јавното претпријатие, велат, утврдило дека сопствениците на глисери треба да одвојат повеќе средства од својот буџет доколку сакаат и понатаму да ги користат нивните услуги.

На пример, сопствениците на глисер до 6,5 метри за користење на сидриштето Билјанини Извори Охрид, за паркирње на своите пловни објекти, со предложените измени треба да плаќаат 16.500,оо денари за шест месеци и 33.000,оо денари за период од една година, наместо досегашните 9.000,00 денари, односно 18.000,00 денари. Со предлог одлуката драстично се зголемуваат и цените за користење на спортските терени што секако не кореспондира со тврдењето на претпријатието дека го штитат спортскиот интерес на градот, истакнуваат од СДСМ Охрид.

Посочуваат дека доколку се усвојат предложените измени граѓаните сами ќе ги почувствуваат последиците.

OhridNews